Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН

ЦЕНТАР ОХРИД изминатиот период од месец мај до месец септември спроведе пет

активности во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното

наследство во Охрид“.

Првите две активности опфаќаа теренско технички документирања и кабинетски

дообработки на локалитетите Антички театар и базиликата Свети Еразмо. Во овие две

активности каде беа вклучени стручни лица – археолози, градежни инженери и

волонтери, се изработија детални технички документации за локалитетите со

користење на современи методи и технологии за добивање на најпрецизни резултати.

Односно, за мерење на локалитетите се користеше тотална станица, додека, пак, за

изработка на тродимензионалниот модел се изврши фотограметриско снимање. Од

големо значење беше и стручната експертиза од членови на партнерската организација

ИПО Крсте Јон. Следните две активности се однесуваа на изработка на виртуелни

реконструкции на споменатите локалитети. При реализација на овие активности,

редовно беа консултирани стручни лица вработени во НУ Завод за заштита на

спомениците на културата и Музеј – Охрид. Додека, последната активност во овој

период беше одржувањето на промоција на двете виртуелни реконструкции во

дворното место на Музејската зграда Куќа на Робевци – Лапидариум на ден 15.09.2023

година. За време на промоцијата воведно предавање насловено како „Археолошки

локалитети, дигитални технологии и инклузија на наследството“ имаше вонр. проф. д‐р

Мартина Блечиќ Кавур од Приморскиот Универзитет во Копер, Република Словенија.

Потоа, обраќање имаше раководителот на проектот – Иван Малезанов кој даде

објаснување за процесот и текот на активностите кои претходеле за да се добие

финалниот продукт – виртуелните реконструкции. Потоа, следеше презентација на

виртуелните реконструкции преку три видео прожектори кои беа насочени кон

фасадите на староградските куќи околу Лапидариумот.

„Активностите за техничко документирање и кабинетска дообработка на локалитетите

Антички театар и базиликата Свети Еразмо претставуваат еден поинаков пристап кон

современото документирање на културното наследство во Охрид. Имено, тим од пет

стручни лица направи детална дигитална документација за споменатите локалитети.

Без овие две активности, не би било возможно да се реализираат наредните две

активности, односно, изрботката на виртуелните реконструкции. Сметам дека овој тип

презентацијата на културното наследство преку виртуелни реконструкции кои се

достапни за целата јавност ќе биде од големо значење за промовирање на истото. На

промоцијата на виртуелните реконструкции, на наше огромно задоволство свое

воведно предавање имаше и вонр. проф. д‐р Мартина Блечиќ Кавур од Приморскиот

Универзитет во Копер, Република Словенија. Со ова предавање се даде до знаење за

значењето на комуникацијата помеѓу експертите на двете држави, како во минатото

така и денес. “, изјави Иван Малезанов, раководител на проектот.

„Изработката на виртуелните реконструкции на Античкиот театар и Базиликата Свети

Еразмо лично за мене претставуваа голем предизвик. Деталната дигитална техничка

документација беше од голема помош при мојата изработка на виртуелните

реконструкции. Сметам дека со овој пристап на виртуелна презентација на културното

наследство во Охрид му се дава внимание какво што заслужува и мора да го има.“,

изјави Кирил Денковски, лице ангажирано за изработка на виртуелните реконструкции.

Целта на овие активности беше да се изработи дигитална документација и виртуелна

реконструкција на споменатите локалитети, со што би се промовирале пред целата

јавност преку видео анимација која е достапна за секого. Со овој метод на презентација

се збогатува дигитализираното културно наследство во Охрид.