ХРИСТИЈАНА ПАРУЕЛСКА, ЕЛЕОНОРА ЧЕКРЕЏИ И ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО СЕ ДОБИТНИЦИ НА ПОВЕЛБАТА ЗА 2023 ГОДИНА
- декември 5, 2023
- 0
Христијана Парулеска, интернационалниот поетски фестивал „ Поетска ноќ во Велестово “ и Елеонора Чекреџи- постхумно, се годинешни добитници на Повелбата – Патрон на градот „ Св. Климент Охридски “ за 2023 година .
Комисијата во состав Перчо Божиноски – претседател, Бојан Михајловски – заменик претседател и членовите Арбен Демироски, Наум Јамандиев и Горан Стојаноски одлуката ја донесоа едногласно.
Христијана Парулеска оваа година постигна историски врвни спортски успеси во индивидуални спортови. Беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство. Таа го достигна европскиот трон и стана европска првенка со освоени два медали, златен во борба и сребрен во категоријата борба со замислен противник.
Поетска ноќ во Велестово е интернационален поетски фестивал и е најзначајниот меѓународен настан од областа на поезијата во нашиот град и го привлекува вниманието на поети од цел свет.
Елеонора Чекреџи беше спикерка и водител која својата 40 годишна кариера ја помина во Радио Охрид . Таа беше најпознатиот глас на Охрид, кој му даваше боја и убавина на градот.
До Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија беа пристигнати пет пријави. Покрај пријавите на гореспоменатите беа и кандидатурите на Сашо Димоски и Лила Каранфилоска.