![](https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2024/05/nggallery_import/Polaganje-cveke-Sv.Kiril-i-Metodij240524001.jpeg)
По повод 24. Мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, денеска положи свежо цвеќе на нивното спомен обележје на Охридскиот кеј.
Свежо цвеќе положија претставници на амбасади и конзуларни претставништва во Македонија, пратеници, претставници на охридските основни и средни училишта, претставници на културни институции, здруженија на граѓани и претставници на политички партии.