Од денеска до недела, Охрид ќе биде домаќин 18-от Европски  Конгрес FIEPS Europa и 6-та Научна конференција RPESH. Меѓународниот академски настан е во организација на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје во соработка со Европската федерација на спортски педагози.

На официјалното отворање на овој важен научен собир, учесниците ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.

Obrazovanie_Metropol_31052024009– Како поранешен спортист, голем поддржувач на спортот и како градоначалник на Охрид, особено сум горд што нашиот град е домаќин на една ваков голем научен собир од областа на физичкото образование, спортот и рекреацијата.

Почестени сме што имаме можност да ги угостиме сите врвни спортски педагози и експерти, кои се тука за да ги споделат последните научни достигнувања, со фокус на физичкото образование. Се надевам дека во текот на следните три дена, од овде ќе произлезат значајни истражувања, податоци и научни заклучоци за актуелните предизвици, како и насоки за изнаоѓање на соодветни решенија.

Во денешниот свет кој се менува со голема брзина и каде што доминира технологијата, физичкото образование и спортот добиваат една клучна улога во развивање на децата и младите индивидуи.

Затоа, треба сите заедно да придонесеме за поголема застапеност за часовите по физичко образование во рамки на наставните програми, да стимулираме развој на училишни спортски лиги, да ги поддржуваме локалните спортски клубови, младите спортисти и да инвестираме во спортската инфраструктура.

Секако, тука е и континуираната поддршката на различни спортски манифестации и креирање на нови спортски содржини. Во таа насока нашиот град веќе прераснува во еден позитивен пример за поширокиот регион, бидејќи започнавме навистина сериозно да работиме на неколку важни проекти за промоција на спортот.

Особено е значајно, тоа што во овие активности успеавме да обединиме многу спортски чинители, го привлековме вниманието на меѓународната спортска јавност и секако дадовме еден позитивен стимул и на туристичкиот сектор.

Почитувани,

Охрид е скапоцен бисер не само за Македонија, туку и за целиот свет, па затоа неговото природно и културно богатство е под закрила на УНЕСКО. Ова место е една жива разгледница, а вистинска привилегија е можноста да се доживеат сите негови убавини. Како гостопривливи домаќини Ве покануваме, вашиот престој тука да го искористите за посета на впечатливите културни знаменитости и да уживате во сите природни богатства, истакна Пецаков.

На свеченото отворање на конференцијата обраќање имаше претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, деканот на Факултетот за физичко образование, Проф. д-р Влатко Неделковски и високи претставници на Европската федерација на спортски педагози.

Во рамки на тридневната конференциска програма ќе бидат презентирани околу 150 научни и стручни трудови од автори од целиот свет. На конференцијата учествуваат претставници на САД, Јапонија, Бразил, Шпанија, Франција, Италија, Велика Британија, Оман, Турција, Грција, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Ерменија, Русија и други држави.