Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

  • улица: “Радојца Новичиќ“,
  • улица: “130“,
  • улица: “28 Април“
  • Акцијата ќе се реализира на 05јуни(среда) и 06 јуни(четврток) 2024 год.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид  на 05 јуни (среда) и 06 јуни (четврток) 2024 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.