ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА Н.Е. АНЏЕЛА АГЕЛЕР
- јуни 17, 2024
- 0
- Категорија:
Во просториите на Општина Охрид, денес, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со американската амбасадрока Анџела Агелер која беше придружувана од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата.
Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Градоначалникот ја информираше амбасадорката дека во тек се неколку проетки кои се од оваа област, како и за проектите кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии како што се изградба на прочистителна станица Трпејца и изграба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така се разговараше и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО. Тука потенцирано беше дека Охрид предначи во реализацијата на препораките додека другите засегнати општини доцнат.
Тимот на екпертите и амбасадорката изразија поддршка за посветеноста на Општина Охрид и градоначалникот за целосната посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти кои се клучни во заштитата на Охридското езеро и животната средина. Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од Американската амбасада за посочените проекти.
Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на Охридското езеро.