ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД 2. АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
- август 2, 2024
- 0
Чествувајќи го 2. Август – Денот на Републиакта значи дека сеуште тлее идеалот на двата Илиндена во нас. И се додека тоа е така значи дека суште ја прославуваме љубовта кон татковината. 2. Август е денот кој не обединувал уште од минатото, денот кој не инспирира и кој значи продолжување на делото што нашите славни предци го започнаа.
Денес се сеќаваме и им оддаваме почит на големиот број револуционери, кои верни на својте идеали за слободна и независна Македонија ги положиле своите животи. Нивната жртва е потсетник дека слободата и независноста на Македонија била над се.
Уште еднаш Слава им на сите синови и ќерки кои ги положија своите животи за нашата татковина- Вековита Македонија.
Нека ни е честит и вековит празникот Илинден!,стои во честитката на градоначалникот Пецаков.