ДИЈАНА ПЕТРОВА Е ГОДИНЕШНИОТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ЖИВКО ЧИНГО“
- август 8, 2024
- 0
Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.
Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.
Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.
Наградата за најдобар расказ на Дијана Петрова ќе и биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.