СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 6 ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 6.1 – ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2024
- август 23, 2024
- 0
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20),а во врска со член 35од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Сл. Весник на РМ“бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весникна РСМ“бр. 32/20, 111/23, 73/24 и 171/24),, Градоначалникот на општина Охрид, донесе:
СООПШТЕНИЕ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА
ПРЕДЛОГ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 6 ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 6.1 – ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД,
ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2019 – 2024
СЕ СООПШТУВА организирање јавна анкета и јавна презентација за Предлог Детален урбанистички план за Урбана Заедница 6 дел од Урбан Блок 6.1 – опфат 2, Општина Охрид, плански период 2019 – 2024, со тех. бр. 106/2018 од октомври 2023 год. изработен од страна на Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДООЕЛ – Скопје
- Планскиот опфат на Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, е со површина од 13.90 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
-
- На северо-запад границата се протега по осовината на собирната ул „7-ми Ноември“ и тоа од крстосницата на собирната ул.„ 7 -ми Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ до крстосницата на собирната ул.„7-ми Ноември“ со собирната улица „Прв градски ринг“ планирана со ГУП за Град Охрид 2002-2012г.
- На запад границата на опфатот се поклопува со источната граница на опфат на соседниот план Детален урбанистички план за 6-та Урбана заедница, дел од Урбан Блок 6.1 – опфат 1, Охрид
- На северо-исток границата се протега по основината на планираната собирна сообраќајница „Прв градски ринг“ и тоа од крстосницата со собирната ул.„ 7 -ми Ноември“ до крстосницата со сервисната ул.„Даме Груев“
- На југ границата се протега по основината на сервисната улица„Даме Груев“ и тоа од крстосницата со собирната ул.„Прв градски ринг“ до крстосницата со ул.„Богомилска“
- Јавната анкета ќе трае од 30.08.2024–13.09.2024год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 10.09.2024 год.со почеток во12.00часот
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна награѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот н аопштина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе бидеобјавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12 до 14 часот во просториите на општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета,можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.