ДРАМСКИТЕ ПРЕТСТАВИ „ЌЕРКИТЕ НА ФРОСА“ И „МОДЕРНА ДЕТСКА БАЈКА“ ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „ЗА СИТЕ ДЕЦА“
- август 27, 2024
- 0
Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок на 30.08.2024 година на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.
Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска.