ВЕСЛАЧКА РЕГАТА СО ТРАДИЦИОНАЛНИ МЕТАЛНИ КАЈЧИЊА
- август 27, 2024
- 0
Во водите на Охридското Езеро на потегот кај „Горица 1“ попладневно се одржа Ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња. Спортскиот настан кој се одржува втора година по ред е дел од програмата на Ohrid Water Festival.
Трките беа организирани во машка и женска конкуренција, а за најдобрите беа предвидени парични награди и пригодни подароци.
Регатата ја организираше веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид.