Во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.

По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст.

Vodici-202520250119023– Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и како што доликува на Балканскиот Ерусалим. Му посакувам многу здравје, среќа и успех на фаќачот на крстот Мартин кој по вторпат го фаќа крстот. Од Општина Охрид за фаќачот на крстот има икона и рачно изработен филигран традиционално како и секоја година, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона и филигран во вид на крст.

Прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици продолжува на Градскиот плоштад со настап на Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ и со групно крштевање на Сараиште.

 

Рано утринава градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на осветување на водите од Охридското езеро во Пештани.