
ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ „САРАИШТЕ“, „КАНЕО“ И ПЕШТАНИ
- мај 12, 2025
- 0
Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани.
Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.
Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.