Поради градежни активности за асфалтирање утре, (четврток) 05.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.

Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не го користат приодот кон оваа улица од страната на улица „Мите Богоевски“.