
ЕУ АМБАСАДОРОТ МИХАЛИС РОКАС ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 10, 2025
- 0
Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.
На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.
Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше, споделувајќи ги ставовите на ЕУ за интеграциите, локалниот развој и реформските процеси.
Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше истакната подготвеност за продлабочување на соработката и понатамошна заедничка работа во насока на европската перспектива на Охрид и Македонија.