Вистинско музичко патување со џез евергрини приреди вчеравачер познатиот македонски баритон Павле Камилоски, во рамки на втората вечер од Охрид џез фестивал.

 

‎Предворјето на црквата Света Софија  беше исполнето со последно место, што покажува дека Фестивалот се издигнува на едно повисоко ниво и дека Охрид полека но сигурно го добива приматот- центар на џез музиката во месец август.

Помеѓу бројните љубители на музиката, гостин на концертот беше и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.