Делегација на Општина Охрид предводена од раководители во локалната администрација, положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија и пратениците во македонското собрание, делегација од Сојузот на Борци  и останати претставници од политичкиот и општествениот живот од Охрид.