Во организација на ЈП „Охридски комуналец“,  а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад  „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“!

Стотици деца  и  возрасни  преку песна и  игра учеа за селекција и правилно управување со отпад.

Вработени од  ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид  претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори и ученици од охридските училишта  зборуваа за  суштината на проектот.

Овој настан е дел од кампањата „Чисто е убаво – селектирај“, нова платформа која ги обединува институциите, хотелите, угостителите, маркетите, училиштата и граѓаните во една заедничка цел – почист и поубав Охрид.

Настанот е финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International.