По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири –комисијата во состав: проф. Грета Пипиле –претседател;  проф. Роза Китрозоска –член; Роза Костеска писател за деца и млади  – член.

Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните творби:

  • Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)

поетска творба: „Свети Климент Охридски“

шифра: „Родина“

  • Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)

поетска творба: „Светиклиментовиот град“

шифра: тенис

  • Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)

поетска творба: „Чудниот старец“

шифра: климентико

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 5.12.2025 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.

Исто така на електронската пошта на Одделението за култура kultura@ohrid.gov.mk своите творби да ги испратат во електронска верзија.

Наградите на наградените ученици ќе им бидат врачени на ден 8.12.2025 година (понеделник) пред монументалниот споменик на Свети Климент Охридски во 12:00 часот.