Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов.  Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта  за да помогне во нивното јазично и археолошко описменување.

На промоцијата на трудот советничката Ана Крстевска истакна дека со денешниот настан  правиме значаен чекор кон доближувањето на нашето богато културно и археолошко наследство на најмладите.

Оваа богата илустрирана археолошка читанка за деца е испечатена во 700 примероци, а  издавачи се,  здруженијата  „Регионален зелен центар- Охрид“ и „Европа за тебе- Скопје“.