Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка  до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ по   грегоријански календар.

– На овој Свет и најголем ден, го славиме  раѓањето  христово кое е темел –   основа на христијанската вера и  христијанските празнувања.  Празникот на радоста и милосрдието е пред  нас. Раѓањето на Спасителот е чудо над чудата, празник над сите празници. Нашата радост, нашата молитва и нашите добри дела  треба да го градат нашето спасение, а воедно и животен подвиг на секој вистински верник. За време на Божиќ, во молитвите да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат радосната вест и во духот на мирот и заедништвото  да се радуваме на љубовта со која Бог сите нас не благослови.

Ова е ден за семејството,  за љубов, за мир во душата. Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ- се вели во честитката на градоначалникот Кирил  Пецаков по повод  Католички Божиќ.