Вечерва, в.д. градоначаникот на Општина Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на свеченото отворање на Балканскиот конгрес за урологија, во организација на Македонското здружение по урологија, а воедно присуствуваше и на основачкото собрание на Балканската асоцијација на урологија, каде важно место ќе имаат и македонските специјалисти по урологија.

Во своето обраќање в.д.градоначалникот Георгиески ги поздрави присутните, им посака плодна работа и срдечно добредојде во Охрид.

  • Човек се чувстува најсигурно и најпријатно, кога е во опкружување со луѓе со кои дели заеднички интереси и професионални предизвици. Денес јас ја имам честа како ваш колега, а како домаќин, во свое име и во името на граѓаните на Охрид да ви посакам искрено добредојде во Охрид и успешна работа на вашиот конгрес, од кој верувам сите ќе заминете со нови сознанија и драгоцено искуство. Живееме на крајот од втората деценија на третиот милениум, време кое е исполнето со драматично брз технички и технолошки развој, кој сигурно помага научните сознанија побрзо да се шират и да бидат достапни до сите медицинки инстиуции, и пред се до пациентите. Од тука, верувам дека формирањето на Балканската асоцијација за урологија, ќе придонесе новите техники и технологии поефикасно да бидат имплементирани во поширокиот простор на Балканот. Сигурен сум дека во наредните три дена, ќе имате плодна работа, корисна размена и на искуства и успешна презентација на најновите достигнувања во дијагностиката и лекувањето од областа на урологијата. Почитувани колеги, локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, ве уверувам дека ќе бидат добри домаќини, за сите ваши активности надвор од официјалната програма. Ваше е само да издвоите слободно време за да се насладувате на безвремената убавина на Охрид и езерото. Се надевам дека вашите организатори го вметнале тоа во вашата агенда, за да можете да понесете барем мало парче од нашата убавина со Вас – истакна в.д. градоначалникот Георгиески.

На вечерашното свечено отворање присуствуваше и министерот за здравство на Владата на Република Северна Македонија,  Венко Филипче.