ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДУП ЗА УЗ 8, ДЕЛ ОД БЛОК 8.1-ОПФАТ1 КО ОХРИД 2, ОПШТИНА ОХРИД 2017-2022 ГОД.
- април 25, 2019
- 0
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05,81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и 39/16),Општина Охрид, на ден година, 22.04.2019 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ ДУП за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1 КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 год. кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1, КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 год.
се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
3. За планскиот документ ДУП за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1-опфат1 КО Охрид 2, Општина Охрид 2017-2022 год, кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Општина Охрид имајќи во предвид дека е подрачје под заштита на УНЕСКО, во обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да бидат опфатени следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство) како и влијанието на социоекономската состојба.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.