СЕ ОДРЖА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“
- мај 11, 2019
- 0
Во организација на општина Охрид, одделението за образование и Општинскиот совет за безбедност, а во соработка со СВР Охрид, денес се одржа воспитно образовната манифестација „Детски семафор“. На манифестацијата учество зедоа учениците од основните училишта во Охрид, кои своите вештини ги презентираа во повеќе дисциплини.
Првото место во машка конкуренција го освои Мартин Димитрески, додека во женска Стефанија Димоска. На победниците во двете категории им беше врачен велосипед како награда.
Организаторите и учесниците ги поздрави претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, кој воедно и ги додели наградите на најдобрите учесници.