УЧИЛИШНА ТРКА КАКО НАЈАВА ЗА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“
- мај 15, 2019
- 0
Ученици од основните училишта од Охрид и Дебрца учествуваа на Училишната трка која беше одржана денеска, како најава за третото издание на Спортската манифестација „Охрид трчат“.
Наградите за најдобрите и најбрзите учесници во трката ги додели Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.
Во женска категорија најдобра на трката беше Нена Несторовска од ОУ„ Христо Узунов“, второто место го освои Елена Шенгулоска од ОУ„Живко Чинго“, а третото место и припадна на Мендувие Далипоска од ОУ„Братство Единство“. Во машка категорија прв до целта пристигна Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“, втората награда ја освои Владимир Пердулоски од ОУ„Живко Чинго“, а третата награда му беше доделена на Зоран Стојоски од ОУ„Св. Наум Охридски“.
Училишната трка беше организирана во соработка со Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Делегација на Европската Унија, Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Фондацијата „Климент Колески“.
Во рамки на овогодинешното издание на „Охрид трчат“ на 18-ти мај во сабота ќе се одржи и Детска трка за дечиња на возраст од 5 години. Трката ќе започне во 11 часот и ќе се одвива на Кејот Македонија. Официјалната програма од Спортскиот атлетски викенд „Охрид трчат“ ќе започне на 31-ви мај, а главните трки ќе се одржат на 2-ри јуни 2019 година.