ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВОЈЦИЕХ ТИЦИЊСКИ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
- јуни 10, 2019
- 0
Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Војциех Тицињски. На средбата беше разговарано за продлабочување на веќе добро воспоставената соработка на Охрид со полската амбасада во повеќе области. Амбасадорот Тицињски изрази желба во наредниот период во градот, од страна на полската амбасада, да бидат организирани повеќе настани од областа на културата.
По завршувањето на средбата со градоначалникот, планирано е амбасадорот да оствари средби и со други чинители од областа на културата.