ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНА УРБАНА ОПРЕМА
- јуни 24, 2019
- 0
Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во Охрид.
Акцијата се спроведува врз основа на реализираните инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угостителските објекти, каде има поставување на маси, столови и друга опрема, без одобрение и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема.
Ваквите акции и контроли на општинските инспекциски служби ќе продолжат во континуитет и нема да се толерираат угостителските објекти, кои поставуваат урбана опрема на јавни површини.