ЧЕСТИТКИ И ПОДАРОЦИ ЗА ТРОФЕЈНИТЕ МЛАДИ КАРАТИСТИ
- јуни 26, 2019
- 0
Младите каратисти од охридскит клуб КБС „ Кун- су- то“ кои под вотство на тренерот Игор Смилески, освоија медаљи на 24-тото Балканско превенство во карате, што се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина, денеска имаа средба со градоначалникот Константин Георгиески.
Во категоријата борба на машки до 10 години и тежина до 30 килограми сребрен медал освои Дамјан Митрески, а во категоријата борба на женски од 13 години и тежина до 54 килограми бронзен медал освои Тамара Ѓурчиноска. На натпреварот учествуваа и Анастасија Смилевска и Козма Митревски.
Градоначалникот Георгиески им ги честита освоените одличја, им додели подароци и им посака во иднина да постигнуваат уште поголеми резултати.