ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРИБИНАТА ЗА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ
- јули 10, 2019
- 0
Синоќа, на 09.07.2018 година, во Општина Охрид се одржа трибина за режимот на сообраќај во урбаната заедница Стар град и начинот на функционирање на системот за влез и излез на моторни возила. На трибината учествуваа Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, жителите на оваа урбана заедница, претставници на Советот на урбаната заедница, како и претставници на општинската комисија за одобрување на картички.
Како резултат на оваа отворена јавна расправа произлегоа следните заклучоци:
- Општина Охрид да ја продолжи постапката за регулирање на движењето на моторни возила во стариот дел на градот;
- Системот за електронско евидентирање на движењето на возилата да отпочне со функционирање од 15.07.2019 година (понеделник)
- На рампите задолжително да има присуство на овластени лица;
- На возилата кои имаат картички да се постават и налепници за означување на возилата;
- Да се изработат флаери и достават до корисниците за информирање на граѓаните за начинот на работа на системот за електронско евидентирање;
- Да се продолжи со издавање на картичките по строго дефиниран Правилник и истите да ги издава комисија формирана од страна на градоначалникот, со претходна согласност од Советот на урбаната заедница и за цела постапка да биде запознаен лично градоначалникот ;
- Секој ден во временскиот период од 19.00 часот до 05.00 часот на улиците „Цар Самоил” и „Коста Абраш” да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку „Горна Порта” и исклучниот пат за црква „Каменско”.
Ова е втора трибина од ваков вид, која ја организира Општина Охрид, со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај во стариот дел на градот и начинот на негово регулирање.