ОД УТРЕ ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СТАР ГРАД САМО СО КАРТИЧКИ
- јули 18, 2019
- 0
Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информира жителите од стариот дел на Охрид дека од утре (петок) 19.07.2019 година ќе може непречено да влегуваат и излегуваат во овој дел од градот само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно имаат картичка за движење во овој дел од градот. Со тоа започнува функционирањето на системот согласно утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.
Воедно се молат и дистрибутерите кои обавуваат дејност во овој дел од Охрид да доставуваат роба во одреденото време и најдоцна до 10:00 ч. да го напуштат овој дел од Охрид. Во спротивно нивните картички ќе бидат блокирани.