ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА НА ТУРИСТИЧКАТА ИНСПЕКЦИЈА
- јули 18, 2019
- 0
Во екот на главната туристичка сезона, очекувано зголемен е обемот на работа на туристичката инспекција од општинскиот инспекторат. Покрај контролата на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.
Во најголем број контролите покажуваат почитување на Законот за туристичка дејност, а само во еден случај е изречена глоба на неовластен туристички водич од странство.
Во оваа прилика се потсетуваат хотелите и другите туристички капацитети, да им укажат на гостите дека треба да користат лиценцирани туристички водичи за обиколка на археолошките локалитети и другите знаменитости.