ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ХРАНА ЗА СИТЕ – БАНКА ЗА ХРАНА МК“
- јули 23, 2019
- 0
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, и претседателот на здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“, Душко Христов, потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка е во рамки на реализацијата на проектот „Нула глад во општина Охрид“.
Согледувајќи ги проблемите на значајна група сограѓани од една страна и вишокот храна кој се појавува од разни оператори со храна – производители, дистрибутери па и трговци, Локалната самоуправа одлучи да се приклучи во борбата против фрлањето храна од една страна и борба против сиримаштијата и гладот од друга страна. Основните начела за вклучување во акцијата НУЛА ГЛАД во Општина Охрид се впишани во Меморандумот за соработка.
Во наредниот период ќе се преземат конкретни заеднички чекори.