ЈАВЕН ПОВИК ОД ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА
- август 5, 2019
- 0
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид , Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019-година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ Сите деца се еднакви со еднакви права” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 9 (девет)месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
– Млади лица до 29 години
– самохрани родители
– Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
– Жртви на семејно насилство
– Родители на деца со пречки во развојот
– Родители на 3 и пoвеќе деца
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина ОХРИД кај лицето Кети Росиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид кај лицето Маја Ташева Биткоска, Центар за социјлна работа Охрид кај лицето Мира Врангалоска