ДВЕ НОВИ ЛОКАЦИИ СО БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ВО ОХРИД
- август 5, 2019
- 0
Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.
Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштад „Св. Климент Охридски“, на плоштад „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“.
На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.
Од Секторот за Туризам и Локален Економски Развој изразуваат голема благодарност до Н.У. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и МПЦ- Охридска архиепископија, за соработката околу поставувањето на интернет опремата.