СЕ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВОЗИЛА ВО ОХРИД
- август 30, 2019
- 0
Од 1-ви септември (недела) 2019 година се намалуваат цените за паркирање на возила во предвидените три паркинг зони на територијата на Општина Охрид со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“. Измените во цените за паркирање се согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот број 08-8433/27 од 10.06.2019 година.
Од недела за паркирање возила во зона А ќе се наплатува по 30 денари наместо досегашните 40 денари за еден час. За паркиурање во зона Б ќе се наплаќаат 20 денари за еден час наместо досегашните 30 денари. Цената за паркирање во Зоната Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање . Тоа значи дека наместо досегашните 100 денари ќе се наплаќаат 60 денари за час.