ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ
- септември 26, 2019
- 0
Денес се одржа триесет и втората седница на Советот на Општина Охрид, посветена на советнички прашања. Прашањата на советниците се однесуваа на инфраструктурните зафати на локалната самоуправа, состојбата со делбениот биланс на МЈП “Проаква“ и функционирањето на новото јавно претпријатие “Колектор“, долгот на општината и ситуацијата со реновирањето на неколку училишта во општината.
На најголем дел од прашањата одговараше градоначалникот Константин Георгиески, а на помал дел директорите на јавните препријатија кои беа посочени во дискусиите.