Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ триесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 25.10.2019 година  (петок) со почеток во 9:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д
  1. Предлог- програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година.
  2. Предлог – програма за измена  на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2019 година.
  3. Предлог – програма за измена  на програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година.
  4. Предлог – програма за измена  на програмата за спорт и рекреација за 2019 година.
  5. Предлог-програма за измени на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019 година.
  6. Предлог- програма за измени на  програмата за детска заштита за 2019 година.
  7. Предлог-програма за измени на програмата за културни манифестации и творештво за 2019 година.
  8. Предлог – програма за измена  на програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година.
  9. Предлог- програма за измена на програмата за јавно осветлување за 2019 година.
  10. Предлог- програма  за измени на програмата други комунални услуги за 2019 година.
  11. Предлог- програма  за измени на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за 2019  година.
  12. Предлог- програма за измена на развојната програма за изградба на  системи за водоснабдување за периодот од 2019 – 2021 година.
  13. Предлог- програма за измени на програмата  за изградба на сообраќајна сигнализација за 2019 година.
  14. Предлог- програма за  измени  на развојната  програма за уредување на градежно земјиште за 2019 – 2021 година.
  15. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за  2019 година.
  16. Предлог- одлука за донесување на буџетскиот календар.
  17. Предлог- одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон доверителот „Моби Петрол“ ДООЕЛ Охрид.
  18. Предлог- одлука  за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид.
  19. Предлог-одлука за  разрешување член во училишниот одбор на  ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.
  20. Предлог-одлука за  разрешување член од  училишниот одбор на ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
  21. Предлог-одлука за  разрешување член од училишниот одбор на ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
  22. Предлог-одлука за  разрешување член  од училишниот одбор на ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
  23. Предлог-одлука за разрешување член во училишниот одбор  на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.
  24. Предлог-одлука за  разрешување член  во  училишниот одбор  на ОУ „ Григор Прличев“ – Охрид.
  25. Предлог-одлука за  разрешување член  во училишниот одбор на ОУ „ Братство – Единство“  – Охрид.
  26. Предлог-одлука за разрешување член во училишниот одбор на ОУ „Кoчо Рацин“- Охрид.
  27. Предлог-одлука за  разрешување член во училишниот одбор на ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
  28. Предлог –одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште- Кп.бр. 11916/1 и др. во КО Охрид 3.
  29. Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште- Кп.бр. 5412 и др. во КО Охрид 4.
  30. Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште- Кп.бр. 5238  и др. во КО Охрид 4.
  31. Предлог-одлука за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност.
  32. Предлог- одлука за  подигање  спомен-обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година.
  33. Предлог –одлука за  формирање одбор  за подигање спомен – обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година.
  34. Предлог- одлука за утврдување локација за градба на спомен- обележје за  бродската несреќа од 05.09.2009 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска