ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИСТРИЦА“
- ноември 14, 2019
- 0
Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици континуирано работи на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот. Се работи на поплочување со бехатон плочи на крак од улицата „Бистрица“ во должина од 100 метри. Поплочена е површина од 300 м2 и извршено е нивелирање на канализационните шахти.