ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ОХРИД
- ноември 27, 2019
- 0
Екипи на одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици при ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на поплочување со бехатонски плочи на крак од улица „Сатеска“, а се нивелираат и шахти на булевар „АСНОМ“. На ул. „7 Ноември“ се изведува приклучок на објект на канализационата мрежа. Одделението за водовод и канализација врши чистење на фекална и атмосферска канализација на истата улица на потег од Бензинската пумпа на „Макпетрол“ до кружниот ток кај Здружение на возачи.
ЈП „Нискоградба“ континуирано работи на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот.