ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРТУРНИОТ КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ
- декември 9, 2019
- 0
На пригодна свеченост која се одржа вчера на охридскиот плоштад, градоначалникот Константин Георгиески ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски Патрон на Охрид.
Добитници на првата награда во прва категорија се Евгенија Маркоска, ученичка во четврто одделение во ОУ “Ванчо Николески” и Анастасија Чулческа, ученичка во петто одделение од истото училиште.
Првата награда во втора категорија и беше доделена на Софија Алачкоска, ученичка во деветто одделение во ОУ “Кочо Рацин”, а првата награда во трета категорија и беше доделена на Јана Голабоска, ученичка во трета година во ОСО “Свети Климент Охридски”.
На сите наградени ученици им беа врачени парични подароци и примерок од антологиската книга “Дојди во Охрид”.