ВАШ РЕОНСКИ ОПШТИНАР

Општина Охрид започнува реализација на проектот “Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се   доближува до  граѓаните  со цел да се   овозможи  на лице место да  се примаат   забелешки  за комуналните  проблеми  со кои тие се соочуваат , да се  увиди  состојбата на самото место односно самата улица и  да се  постапи  по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон.  За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа  кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите  нивни проблеми и потреби.

Преку  web страната на Општина Охрид и на  телефонски број  072 800 705  охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем .

По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.

Со ваквиот начин на работа,  преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот  ќе биде основа за изработка на програмските  активности  од комуналната сфера  на Општина Охрид.

Дежурен контакт телефон за пријавување на вашите пријави:

(+389)  072 800 705

Ваши информации

Ваш контакт за да можеме да Ви испратиме повратна информација.


Како можеме да Ви помогнеме?

Поставете прашање или оставете коментар. Од листата на 5-те општински реони на улици, поставена во прилог на оваа страница, изберете ја и Вашата улица и број односно локацијата за која го пријавувате проблемот.


5 ОПШТИНСКИ РЕОНИ СО ЛИСТА НА УЛИЦИ

Име на улици во реон 1:

      • Св. Климент Охридски
      • Цар Самоил
      • Коста Абраш
      • Методиј Патчев
      • Охридска Архиепископија
      • 11 ти Октомври
      • Петар Чауле
      • Аргир Маринчев
      • Климентов Универзитет
      • Бранко Шотра
      • Димче Маленко
      • Нада Филева
      • Рашанец
      • Христо Узунов
      • Илинденска
      • Григор Прличев
      • Боро Шаин
      • Браќа Миладиновци
      • Кочо Рацин
      • Кузман Капидан
      • Кирил и Методиј
      • Гоце Делчев
      • Андон Дуков
      • Пирин Планина
      • Вардар
      • Стив Наумов
      • Пере Тошев
      • Крум Точков
      • Пере Тошев
      • Илија Дуданоски
      • Ариф Мустафа
      • Петар Поп Арсов
      • Махмуд Рифат
      • Бистрица
      • Шар Планина
      • Васил Стефоски
      • Хаџи Мустафа
      • Никола Петров Русински
      • Сатеска
      • Мичо Гилиќ
      • Трајче Трајчески
      • Распаќе

Име на улици во реон 2:

      • Плоштад
      • Бул. Македонски Просветители (потег крстосница Охридска Банка до Eзеро)
      • Бул Туристичка (по цела должина)
      • Даме Груев
      • Населба Христо Узунов
      • Караорман
      • Јане Сандански
      • Сирма Војвода
      • Карпош Војвода
      • 8ми Септември
      • Лазо Трпоски
      • Ванчо Питошески
      • Галичица
      • Никола Карев
      • Мирче Ацев
      • АСНОМ
      • Кеј Македонија
      • Партизанска
      • Славеј Планина
      • Страшо Пиндџур
      • Серафим Китаноски
      • Војдан Чернодрински
      • Димитар Влахов
      • Ванчо Николески
      • Кузман Јосифовски
      • Мите Богоески

Име на улици во реон 3:

      • 7 ми  Ноември
      • Живко Чинго
      • Кочо Миленко
      • Руме Наумоски
      • Андреа Јованоски
      • Марко Цепенков
      • Момчило Јорданоски
      • Богомилска
      • Марко Нестороски
      • Прва Македонска Ударна Бригада
      • Ѓорче Петров
      • Питу Гули
      • Дебарца
      • Александар Гушо
      • Вангел Николоски
      • 1ви Мај
      • Трајче Дојчиноски
      • Ристо Чадо
      • Васил Главинов
      • Крсте Мисирков
      • Кузман Шапкарев

Име на улици во реон 4:

      • Кленоец (од Стара Бензиска до ул. Железничка)
      • Железничка
      • Егејска
      • Охридска Бригада
      • Беќир Али Риза
      • Абас Емин
      • Дејан Војвода
      • Јабланица
      • Стив Наумов
      • 8ми Март
      • Крали Марко
      • Анастасија Узунова
      • Тетовска
      • Прилепска
      • Винковачка
      • Будва

Име на улици во реон 5:

      • Кленоец (од ул. Железничка до крај)
      • 15 ти Корпус
      • Српница
      • Веле Марко
      • Ирина Гинова Мирка
      • Александар Турунџев
      • Ѓорги Сугаре
      • Радојца Новичиќ

МАПА НА ОПШТИНА ОХРИД СО 5-те РЕОНИ