ИСПРАТЕНА ЕКИПА ЗА ТЕРЕНСКО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ НА “ГАЛИЧИЦА”
- септември 6, 2021
- 0
- Категорија:
Градоначалникот Константин Георгиески рано утринава повторно беше на терен во подножјето на планината “Галичица” каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше испратена првата група која се упати на терен за гаснење на планинскиот пожар.
Теренската екипа е составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид и истата ќе има задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба.
Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот.
Бидејќи на локацијата на пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од локалниот кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува континуирано да се следи на терен.
Општина Охрид останува во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали, јавноста ќе биде навремено информирана.