СВИКAНА ДВАЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 5, 2019
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14 и 14/14), претседателот на Советот донесува:
ЈА СВИКУВАМ дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 10.06.2019 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – одлука за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“.
- Предлог- програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година.
- Предлог-програма за измени на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019 година.
- Предлог- програма за измени на програмата за детска заштита за 2019 година.
- Предлог-програма за измени на програмата за културни манифестации и творештво за 2019 година.
- Предлог-програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2019 година.
- Предлог- програма за измена на програмата за јавно осветлување за 2019 година.
- Предлог- програма за измени на програмата други комунални услуги за 2019 година.
- Предлог- програма за измени на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2019 година.
- Предлог- прогрма за измена на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2019 – 2021 година.
- Предлог-програма за измени на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година.
- Предлог- програма за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2019 – 2021 година.
- Предлог- програма за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2019 година.
- Предлог- програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2019 – 2021 година.
- Предлог – програма за измени на програмата за одржување на јавна чистота за 2019 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2019 година.
- Предлог- одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
- Предлог- одлука за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година.
- Предлог- одлука за разрешување и именување член во Управниот одбор на ЈП Градски Пазар Охрид.
- Предлог- одлука за разрешување и именување член во Управниот одбор на МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ Охрид.
- Предлог- одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.
- Предлог- одлука за разрешување и именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Охридски Комуналец” Охрид.
- Предлог- одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ Охрид.
- Предлог- одлука за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Охрид.
- Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.
- Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид.
- Предлог- одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП„Нискоградба Охрид“ Охрид за 2019 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска