СЕКТОР ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ, СООБРАЌАЈ И УЛИЦИ

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги врши работите што се однесуваат на: уредувањето на градежното земјиште; изградба, реконструкција и одржување на улиците и други инфраструктурни објекти од значење и надлежност на Општината; изградба и одржување на мрежи за јавно осветлување; изградба и одржување на паркови и зеленила; уредување и организирање општинскиот линиски превоз на патници и такси превозот на патници; организирање на режимот на сообраќај; изградба и одржување на сообраќајна сигнализација; изградба и одржување на стационарниот сообраќај; организирање и регулирање на користењето на јавните површини; изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта; определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; нумерирање на објектите наменети за живвење и работа, поставување и одржување на табли со имиња на улиците и куќните броеви како и водење регистар и евиденција на имиња на улици и куќни броеви; следење на состојбата во областите и предлагање на мерки и активности за подобрување на истите и врши други работи утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Големина на фонт