СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА
- јуни 25, 2021
- 0
- Категорија:
Со цел да се обезбеди соодветна подготовка на охридското крајбрежје во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, Општина Охрид и екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти.
Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации. Се спроведоа активности за чистење на дивата вегетација. Во моментот се врши засадување на нови садници на дрвја, се поставуваат нови контејнери, канти за отпад и се поставуваат времени тоалети.
Во текот на наредниот период ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и ќе бидат инсталирани фонтани за вода.
Во рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите.