ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
- ноември 7, 2020
- 0
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.
– Почитувани сограѓани ви го честитам 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници. Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на сите борци кои ги положија своите животи за слободен град. Пишаната историја го забележала овој датум како симбол за градење слободен, мирен и современ Охрид. Борбата и пожртвуваност на нашите претци се наш аманет и завет дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна.
Нашиот Охрид нека ни биде вечен , а ние да се стремиме кон создавање модерен развиен и европски град. Со корисни идеи и успешни општествени проекти заеднички да го доградуваме и осовременуваме.
Нека ни е честит 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.