ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ
- декември 25, 2020
- 0
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до христијаните со католичка вероисповед по повод најголемиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ.
– Со голема радост и задоволство ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ. На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто не води да правиме чесни дела, да се сакаме себеси и да ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта, на среќата и семејството.
Празнувајте во мир и хармонија и со љубов примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање еден со друг. Само така ќе го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.
Со чиста верба кон Бога обединети и сложни имаме можност за заеднички напредок.
Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Охрид и нашава држава. Заеднички да се радуваме и да го славиме овој голем христијански празник. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески по повод големиот христијански празник. Нека е честит и вековит големиот христијански празник.