ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ
- јули 12, 2021
- 0
- Категорија:
Градоначалникот, Константин Георгиески денеска оствари протокларна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, која беше во втора официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за активностите кои општината ги презеде во текот на изминатиот период, во делот на почитување на законските прописи, исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство како и за претстојната сесија на Комитетот на УНЕСКО, на која треба да се донесе конечна одлука за Охридскиот регион.
Градоначалникот ја информираше амбасадорката за процесот за отстранување на бесправните градби, активностите за уредување на крајбежјето и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона. Исто така, се разговараше и за идните планови за управување и стопанисување со брегот на Охридското Езеро.
Амбасадорката Брнз уште еднаш ја потенцираше нејзината поддршка на заложбите и посветноста на локалната и централната власт за зачувување универзалните вредности и уникатните аспекти на регионот.
Една од темите на средбата беа и инвестициите кои Општина Охрид ги има во делот на инфраструктурата и образованието. Градоначалникот ја информираше амбасадорката и со финансискиот менаџмент на општината, тековната постапка за раздолжување и враќање на финансиската стабилност. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за локалниот економски развој, актуелните вложувања на странските компании и развојот на туризмот.