ЗАВРШУВА АСФАЛТИРАЊЕТО И РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА “БУДВА“
- декември 13, 2022
- 0
- Категорија:
Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата “Будва“. Според договорот со АД “Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по цечата должина на улицата, а претходно ЈП “Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од населбата “Железничка“.