Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата “Будва“. Според договорот со АД “Илинден“, поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри,  плочник по цечата должина на улицата, а претходно ЈП “Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од населбата “Железничка“.